МПЦО „Свети Кирил и Методиј” Штутгарт - страна 2

Идејата за формирање на црковна општина во Штутгарт беше одамнешна. Требаше само да се најде погоден момент за нејзина реализација.
Така на почетокот во далечната 1983 година во приватен дом се собраа неколку Македонци, кои се обврзаа дека ќе работат активно за формирање на МПЦО во Штутгарт. Веќе на наредниот состанок од истите луѓе,се формира Иницијативен одбор, кој се обврза да ги реализира следните задачи:

  1. Да се информираат сите Македонци во Штутгарт и околината за потребата од формирање на македонска црковна општина во Штутгарт.
  2. Да се извести С.А.С. На М.П.Ц. и да се побара благослов за формирање на црковна општина во Штутгарт.
  3. Да се свика основачко собрание и да се избере управен одбор.
  4. Да се предложи име на црковната општина.
  5. Да се најде црковна просторија каде ќе се одржуваат богослужбите.
  6. Да се подготват сите потребни документи за регистрација на црковната општина.

Задачите полека се реализираа и на 17.03.1983 година во просториите на Руската црква во Штутгарт се одржа основачко собрание, а потоа и првата богослужба. Присутните исто така решија оваа црковна општина да го носи името Св.Кирил и Методиј.

До 1992 година богослужбите се одржуваа во Алткатолише кирхе во Штутгарт, со тукашниот свештеник Ратко Настески, а од есента 1993 година па до денес богослужбите се одржуваат во евангелистичката црква ,,Св.Јоханес” во Stuttgart – Zuffenhausen.


1 | 2 | 3